Почина едногодишно бебе во Кичевската болница, информираа од МВР.
На 23.11.2025 во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое починало и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација.
Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.