Финците бараат нова база на НАТО на своја територија

„Единицата за команден и контролен систем би понудила можност за развој на компатибилност помеѓу финските национални и службите за команден и контролен систем на НАТО“, рече Хаканен.

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ MILITARY CHANNEL

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека земјата има намера да побара во Финска да се смести Единица за команден и контролен систем на НАТО.

Во писмена изјава, објавена од финското Министерство за одбрана, Хаканен рече дека единицата, која би имала 50 членови, доколку се имплементира, ќе биде дел од командната структура на НАТО, а нејзиното одржување и изградбата на потребните сместувачки капацитети ќе бидат кофинансирани од НАТО, објави Yle.

„Единицата за команден и контролен систем би понудила можност за развој на компатибилност помеѓу финските национални и службите за команден и контролен систем на НАТО“, рече Хаканен.

Се планира одлуките за ова прашање да се донесат на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во февруари 2026 година.