Се огласи и Радев: „Македонија да започне со гонење за сите напади врз Бугарите во земјата“

По нападот врз македонскиот Бугарин, Перев, со свој став и бугарскиот претседател Радев: „Крајно време е Македонија да започне ефикасна истрага и гонење“

од Nikola Popovski
44 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/NEWS FROM BULGARIA

„Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасна истрага и гонење за сите напади врз Бугарите во земјата. Ова е единствениот начин оваа земја да постигне европска интеграција“. Ова го изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во коментар за нападот врз членот на бугарската заедница во Македонија, Владимир Перев кој се случил изминатиот викенд.

„Јас многу јасно им кажав и на претседателот и на премиерот дека случајот со Владимир Перев е добра прилика конечно да се започне со ова, бидејќи и мотивот и сторителот се јасни таму“, додал шефот на бугарската држава.

Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера изразило став за случајот – „категорично го осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал поттикнат од моменталната општествено-политичка атмосфера и антибугарската реторика“, соопштиле од ресорот на официјалната бугарска дипломатија.

Бугарското МНР додаде дека министерот Георг Георгиев лично разговарал со Перев по телефон и нагласил дека Бугарија ќе продолжи да биде негова поддршка во овој тежок момент.