Екс-министерот Димковски меѓу уапсените во полициската акција поради сомнежи за корупција

„Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата“, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК

од Nikola Popovski
136 прегледи Фото: Фејсбук профил на Трајан Димковски

Се вршат претреси на повеќе локации низ државата, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата“, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК.

Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Според дел од медиумите, поранешниот министер за земјоделство и шумарство и актуелен претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димовски, е меѓу уапсените во денешната акција на полицијата.

Тој се сомничи дека заедно со Реси Абдурхами, директор на Агенцијата за стокови резерви и двајца раководители во истата агенција Ниметула Рамадани и Тони Кантурски, како и со вештото лице Миле Пешевски во текот на 2021-2022 година со неизвршување на својата службена должност, направиле отпис на 1,500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 кг јачмен од државните стокови резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра.

Повеќе официјални информации се очекуваат во текот на денот.