Адвокатот Давидовиќ за судењето за Кочани: Како некој да се изјасни за виновен ако не може да прочита за што е обвинет?

„Во јавноста се слуша дека адвокатите односно одбраната сака да го одолговлекува предметот. Постојано тврдиме дека не е така, а денес тоа и се покажа дека Обвинителството е тоа кое прави грешки и ја одолговлекува постапката“, изјави адвокатот Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

од Nikola Popovski
58 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма Тв

Во јавноста се слуша дека адвокатите односно одбраната сака да го одолговлекува предметот. Постојано тврдиме дека не е така, а денес тоа и се покажа дека Обвинителството е тоа кое прави грешки и ја одолговлекува постапката, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Според него, на денешното второ рочиште, се поставува прашањето дали обвинението е изменето или не е.

-Нас ни беше доставено интегрирано обвинение, но на ниту еден на обвинетите. Ние во судница не сме обвинети како бранители, туку сме во судница поради обвинети бидејќи го немаат обвинението за да знаат зошто седат. Несериозно е од Обвинителството да не достави, макар и вакво ингерирано обвинение на обвинетите, затоа што денес ни претстоеше изјаснување на вина. Како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет, кажа Давидовиќ пред судницата во КПУ- Идризово.

Aдвокатот оцени дека таквата постапка е „несериозна“ и ја доведува во прашање правичноста на постапката.

Слични содржини