Ѓорѓиевски: Чистењето на кејот на Вардар ќе биде трајна практика

Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, соопшти Ѓорѓиевски

од Nikola Popovski
16 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито.

Според него, екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки, односно, како што вели, сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

-Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува, стои во објавата на Ѓорѓиевски.