Македонија и Србија ја зајакнуваат борбата против криминалот: Дачиќ и Јанев се договорија за нови мерки за соработка

Двете страни се согласиле дека постои одлична полициска соработка меѓу Македонија и Србија

од Nikola Popovski
8 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, денес, на маргините на 93-то Генерално собрание на Интерпол во Маракеш, одржал средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Двете страни се согласиле дека постои одлична полициска соработка меѓу Република Србија и Република Македонија. Посебен акцент е ставен на успешната соработка во клучните области на борбата против нерегуларните миграции, организираниот криминал и тероризмот.

На средбата била потврдена целосна посветеност на понатамошна соработка и била изразена надеж дека заедничките сили на двете земји ефикасно ќе одговорат на сите актуелни безбедносни предизвици во регионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivica Dačić (@ivica.dacic.rs)

Претходно, Јанев на маргините на Генералното собрание на Интерпол, соопшти дека Македонската полиција добива пристап до најсовремени програми за обука, експертски ресурси, иновативни методолошки алатки и заеднички проекти за борба против транснационалниот криминал.

-Ова членство ќе придонесе и за подобра размена на знаење, унапредување на професионалните стандарди и развој на нови генерации полициски службеници со глобални компетенции. Изразуваме благодарност до ИНТЕРПОЛ за довербата и партнерството со што се потврдува посветеноста кон продлабочување на меѓународната полициска соработка, заштитата на безбедноста на граѓаните и активниот придонес кон глобалната борба против организираниот криминал, истакна, меѓу другото, првиот човек на БЈБ.