ССКМ: Одлуката на КЗК е една од големот број на причини за кои е разрешено предходното раководство

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата се за дејствија кои се случувале во месец февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори е вовлечен од страна на предходното раководство,непочитувајки ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: ССКМ

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата се за дејствија кои се случувале во месец февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори е вовлечен од страна на предходното раководство,непочитувајки ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Ова се плодовите на работењето од предходното раковотство во Сојузот на стопански комори на Македонија кои се потврдуваат со паричната казна добиена од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и нарушување на угледот на ССКМ, и една од големот број на причини за кои е разрешено едногласно предходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година. Како нов преседател на Сојузот на стопански комори на Македонија ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените.“, вели претседателот Горан Ѓорѓиевски.

Сојузот на стопански комори е организација која повеќе од две децении работи во интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајки ги законските рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност. Нашата улога отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаните или нивните пазарни политики, додаваат од ССКМ.