Ангелов: Украина жилаво се спротивставува на руските сили, од неа можеме да научиме многу

„Било која друга држава која што би била организирана поинаку не би успеала да издржи ваков притисок. Токму на примерот на Украина, можеме да научиме многу“, кажа Ангелов

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и поранешен генерал, Стојанче Ангелов се надева дека војната во Украина ќе заврши во брзо време, со големи отстапки од украинска страна, барем од она што вели дека го видел од медиумите.

Според него, Украина покажа висок степен на отпорност, со логистичка поддршка на многу други држави.

-Таа жилаво се уште се спротивставува на руските вооружени сили. Долго трае војната. Било која друга држава која што би била организирана поинаку не би успеала да издржи ваков притисок. Токму на примерот на Украина, можеме да научиме многу. Во овие 7-8 основни побарувања, кои што НАТО ги има кон земјите-членки, едно од основните е континуитет на владеење и владините услуги. Тоа значи дека ако ние сме нападнати или ако има голем земјотрес или експлозија, прво треба власта да функционира. Примерот со Кочани покажа дека премиерот лично дојде во градот и цел ден остана. Најважен е континуитетот на владеење. При еден поголем земјотрес, ако се прекине снабдувањето со електрична енергија, може да падне целата мобилна мрежа. Тогаш би биле парализирани како општество, кажа Ангелов во емисијата „Студио 10“, говорејќи на темата околу подготвеноста на ДЗС во случај на реакција.