„Како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември – од каде ќе најдете средства да префрлите до Фондот, кога во буџетот ги немате“, праша Тренчевска

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

од Nikola Popovski
53 прегледи

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.

Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите.

Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно пари на таа сметка нема. Прашањето на Тренчевска до Велковски беше, како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември и од каде ќе се најдат средства за префлрлање до Фондот, кога во буџетот нема средсства.

„Направивте зголемувања без пресметки, без план – тоа не е реформа, тоа е играње со граѓаните за сметка на вашата политичка корист. Политиката за исплата на пензиите ви е на рамниште „купи/продај ден“. Дупката во Фондот за пензиско пука по шавови.

Пензионерите добро се сеќаваат дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Фондот е секогаш во колапс.

Јавна тајна е зошто меѓу другото се задолживте со унгарскиот кредит, не за да реализирате капитални инвестиции, туку за да го покриете дефицитот во Фондот, кој за само година и пол на власт го продлабочивте за над 50%. Овој дефицит е резултат единствено на финансиски неодговорни одлуки и на популизмот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, донесени без анализа и без да се мисли на последиците. Фискалната политика ја претворивте во дневнополитичка алатка за популистички поени, а не за стабилност на системот.

И еве една споредба и доказ за тоа колку се погубни вашите политики. Во 2023 година трансферот од централниот буџет кон ПИОМ беше 29 милијарди денари. Кога дојдовте на власт во 2024 година, со ребалансот го зголемивте на 38 милијарди денари, сега во тековниот буџет за 2025 година е 50 милијарди денари, кој е недоволен да ги сервисира сите обврски, а со новиот предлог-буџет за 2026 година го зголемивте на 62 милијарди денари или 1 милијарда евра, која исто така нема да биде доволна за обврските кон Фондот за 2026 година“, рече Тренчевска.

Според неа, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушена.

„И да не спинувате дека СДСМ е против зголемување на пензиите – ние сме ЗА зголемување, за да растат пензиите, но мора и да се чува стабилноста на фондот.

Еве за потсетување: со нашите политики, само во периодот од 2022 до март 2024 година, пензиите беа покачени за 30%. И ова постои во извештаите – најниската пензија се зголеми од околу 9.000 денари на 13.000 денари. Го намаливме дефицитот во Фондот од 48% на 32,5%. Зголемувавме пензии, но и го намалувавме дефицитот. Тоа се одговорни политики!

Затоа, најмалку вие од ВМРО-ДПМНЕ имате право да зборувате за раст на пензии, за вас пензионерите се само статистичко гласачко тело. За година и пол го уништивте пензискиот систем, кој за 3 години не знам дали ќе може да исплаќа пензии.

Јавноста, а најмногу пензионерите, сакаат да слушнат директно од вас – како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември? Пензиите мора да се исплатат, но од каде ќе најдете средства да префрлите до Фондот, кога во буџетот ги немате, праша пратеничката на СДСМ.

Слични содржини