Меркел: Се надевам дека војната во Украина нема да заврши со победата на Путин

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денес изрази надеж дека војната во Украина нема да заврши со победата на рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека нејзината политика кон Русија била правилна.

од Vladimir Zorba
43 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денес изрази надеж дека војната во Украина нема да заврши со победата на рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека нејзината политика кон Русија била правилна.

„Оние кои се одговорни денес едноставно мора да живеат со фактот дека овој напад, оваа агресија против Украина, се случи. А сега мора да размислиме како да го завршиме овој конфликт. И тоа е она на што интензивно работиме: дека Русија не победува, туку дека постои суверена и слободна Украина која може сама да донесува одлуки“, рече Меркел во интервју за германскиот телевизиски канал Фокус.

Таа додаде дека со години била свесна дека постои „сериозна опасност“ во врска со рускиот лидер.