Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми меѓу кои и темата за правосудството во земјава, посочувајќи ја нефукнционалноста на судството како најголем проблем во земјата, при што истакна дека Владата не може да нема слух за истото.
-Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им е да удрат некој бизнисмен. На тоа се сведе судството и обвинителството во Македонија, и на седење по кафани, кажа Николоски.
Според Николоски, законите се добри и немаме ништо проблем во законите. – Мали им се сега плативе. Повисоки плати имаат и од министри, и од премиер, и од претседател на држава, нагласи Николоски.
Како што вели тој, Владата донела принципиелен став и ги намалила коефициентите за платите на функционерите, а она кое што судиите и обвинителите моментално го бараат се четири просечни плати.