Курти заедно со Касами го гледаше мечот Шкендија-Дрита и порача дека била „посебна вечер за два албански тимови“

В.д. премиерот на Косово и тетовскиот градоначалник заедно го проследија мечот меѓу Шкендија и Дрита во Приштина

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Албин Курти

В.д. премиерот на Косово Албин Курти се огласи по повод натпреварот помеѓу Шкендија и Дрита, одржан на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина, како дел од новото коло во Конференциската лига на УЕФа.

Во својата објава на социјалните мрежи, Курти информира дека присуствувал на натпреварот и го опишал моментот како „посебна вечер за меѓународниот фудбал помеѓу два албански тимови, во присуство на градоначалниците на две општини од Косово и Македонија – Албан Хисени од Гњилане и Биљал Касами од Тетово“.

Според него, двете општини „веќе победиле“ со реизборот на Хисени и Касами за градоначалници, додека на теренот победила Дрита. Сепак, Курти нагласува дека на трибините имало славје од сите навивачи, без оглед на резултатот.

Премиерот ѝ честитал на Дрита за уште една важна победа во ова натпреварување, посакувајќи им на тимовите многу успех во претстојните натпревари во Конференциската лига.

Шкендија претрпе пораз од 1:0. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 20-тата минута. Арб Манај беше стрелецот за домашната екипа, искористувајќи една ситуација во казнениот простор.

Слични содржини