Протест во знак на Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ

„Изминатиов месец посведочивме дека прекинот на огнот се покажа како чиста фарса и пропагандна алатка. Израел продолжува со своите напади убивајќи стотици луѓе“, велат од иницијативата „Сите за Палестина“

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: Фејсбук профил на ЗХГ

Иницијативата „Сите за Палестина“ организира протестен марш со цел изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе се одржи во сабота, 29 ноември 2025 година, со почеток во 12:00 часот, пред споменикот „Симфонија на мирот” на плоштадот Слобода.

Маршот ќе продолжи по централното градско подрачје, минувајќи пред зградата на Собранието и завршувајќи пред зградата на Министерството за надворешни работи.

-Настанот е во знак на Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ и е дел од глобалното движење, кое го насочува вниманието кон итната потреба од непречен пристап на хуманитарна помош за Газа и праведна реконструкција под водство на палестинскиот народ. Изминатиов месец посведочивме дека прекинот на огнот се покажа како чиста фарса и пропагандна алатка. Израел продолжува со своите напади убивајќи стотици луѓе, а Газа и натаму е оставена без основни добра и услуги. Згора на тоа, нејзиното население моментално страда од поплави и многумина немаат ни елементарни услови за живот. Единствен начин да не се повтори злосторството и да биде спречено во иднина, е да не се заборави и да се инсистира на одговорност од страна на сторителите, сооштуваат од иницијативата.

Протестот има за цел да потсети дека мир без слобода не постои, и дека правдата за Палестина е предуслов за праведен свет.