Кинеската амбасадорка Џианг Сиаојан попладнево се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Градоначалникот рече дека разговарале на повеќе теми, во делот на економијата и туризмот.
-На наше огромно задоволство, денеска во посета на Општина Кавадарци беше амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан. На средбата се разговараше за богатата култура на двете земји, потенцијалите за туризам на нашата општина како и прогресивниот економски напредок на Кавадарци. Една од темите на разговор беше и нашето богатство, тиквешкото убаво вино. Со заедничко вложување, во иднина, нашите вина ќе можат да се дегустираат и во Народна Република Кина, сподели Јанчев на социјалните медиуми за средбата.
Амбасадорката на Народна Република Кина, рече дека биле споделени идеи за соработка во областа на економијата, трговијата, туризмот, културата.
– Ние веруваме дека добриот почеток, е, половина успех, истакнала таа по средбата.