Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „нема да биде лицето што ќе го потпише мировниот договор“, додавајќи дека Зеленски нема легитимитет.
„Дури и ако остане во својот кабинет некое време, „со сите свои пороци“, тој нема да биде лицето што ќе го потпише мировниот договор“, напиша Медведев на својот канал на руската платформа Макс, со остри критики кон украинскиот лидер, пренесува РИА Новости.
Медведев, меѓу другото, нагласи дека Зеленски е „нелегитимен“ и дека „крахот на (украинскиот) систем е неизбежен“.