Москва: Изјавите на НАТО за превентивни напади врз Русија се неодговорни

Москва, исто така, ги смета овие изјави како насочени обиди за поткопување на напорите за решавање на конфликтот.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АПТ

Изјавите на претставниците на НАТО за превентивни напади врз Русија се крајно неодговорни и покажуваат желба за ескалација на конфликтот, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од ТАСС.

Таа го предупреди НАТО дека мора да биде „свесен за ризиците и потенцијалните последици што произлегуваат од ова, вклучително и за самите членки на алијансата“.

Москва, исто така, ги смета овие изјави како насочени обиди за поткопување на напорите за решавање на конфликтот.

Претходно, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, изјави дека Aлијансата би можела да преземе поагресивен пристап кон хибридната војна што ја води Русија. Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“ во врска со сајбер нападите, саботажите и кршењата на воздушниот простор на НАТО од страна на Москва, Драгоне рече дека „превентивниот напад“ може да се смета за „одбранбена операција“, нагласувајќи дека ова е „далеку од нашиот вообичаен начин на размислување“ и дека мора да се земат предвид правните и судските рамки.