Апасиев со критика за системот „Безбеден град“: „Го наштимале да казнува и за еден километар над дозволеното“

„Во Москва само кога камерата ќе регистрира возење од +20 км над дозволеното, тогаш ти стигнува смс и мејл за глоба! А кај нас, тамаќариве вмроидни ненаситни, кој го банкротираа Буџетов, го наштимале системов на МВР да казнува и за факинг 1 км над дозволеното“, порача Апасиев

од Nikola Popovski
9 прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја коментираше ситуацијата со вклучените камери на системот „Безбеден град“ што ќе ги регистрира сообраќајните прекршоци. Апасиев критикува дека системот ќе ги казнува и возачите кои ќе возат со еден километар над дозволената брзина.

„Кога бев во Москва, на шоферот што не возеше од аеродром до хотелот, по пат му стигнаа ДВЕ КАЗНИ за сообраќаен прекршок… Го прашав како им работи системот? Ми рече дека само кога камерата ќе регистрира возење од +20 km над дозволеното, тогаш ти стигнува смс и мејл за глоба! А кај нас, тамаќариве вмроидни ненаситни, кој го банкротираа Буџетов, го наштимале системов на МВР да казнува и за факинг 1 km над дозволеното (иако инженерите алармираат дека не постои камера што може да измери со таква точност, т.е. две камери може да “измерат” различна брзина)!?“, стои во реакцијата на Апасиев.

Возење со брзина над дозволената, минување на црвено, погрешно паркирање, изминат рок на важност на сообраќајната дозвола се дел од прекршоците што ќе ги бележи електронскиот систем, но во следната фаза ќе се прошири и видот на прекршоци. Несовесните возачи, известувањата со линкот од Записникот и прекршочниот платен налог ќе ги добиваат по смс или електронска пошта.

Граѓаните очекуваат казните да ја разбудат свеста на несовесните возачи. Во тест-периодот, камерите регистрирале до 100.000 прекршоци дневно.