Мицкоски се огради од народот, па сега ќе може да гледа на камери колку е паднат стандардот на граѓаните – порачаа од СДСМ

СДСМ: „За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани. Тоа покажува колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите“

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани. Тоа покажува колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите“, велат од СДСМ по објавувањето на првите резултати од пробното функционирање на системот „Безбеден град“ и доставените опомени до возачите.

СДСМ иронично вели дека е „добро што власта ги постави камерите, сега од кабинетот на Мицкоски во зградата на Владата, зад вратената ограда, ќе може да ја види катастрофалната состојба во Македонија“. Партијата на Венко Филипче обвинува дека „Мицкоски се огради од народот па сега ќе може да гледа на камери“.

-Додека власта се гоштева со папаја и манго, се вози со бизнис класи, додека врти милионски тендери за испумпување на партите на граѓаните -народот нема пари ниту за регистрација на возилата.

Тоа „економски тигар“ им го донесе на граѓаните и им го постави како „стандард“.

СДСМ ја тргна оградата пред владата одма после рушењето на режимот на Груевски, просторот и вратата во Владата беше отворена за граѓаните, затоа што им припаѓа на граѓаните. Ама ученикот на Груевски ја врати оградата и тоа е показател колку се исти. Ова е иста банда“, порачаа од „Бихаќка“.

Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и нерегистриран автомобил 1000. Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата.

Слични содржини