Песков: Русија останува отворена за мировни преговори, Европа не сака да слуша

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес изјави дека Русија е отворена за мировни преговори, но дека мора да ги постигне поставените цели.

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Принтскрин/Си-Ен-Ен

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес изјави дека Русија е отворена за мировни преговори, но дека мора да ги постигне поставените цели.

„Русија останува отворена за мировни преговори, но преку мировни преговори мора да ги постигнеме нашите цели поставени во рамките на специјалната воена операција“, рече Песков на брифинг за индиски медиуми, пренесува РИА Новости.

Тој оцени дека проблемот е „што Европејците не сакаат да ја слушаат Русија по прашањето за Украина“.