Јованов со солзи во очите: Од срце и душа сакам да искажам сочувство, и ние изгубивме член на семејството

-Зарем сериозно мислите дека ако би знаел дека фали нешто, не би презел се за да се отклони навреме? Во тој клуб имам пораснато десетина генерации и сите што ме познаваат добро, знаат како и колку се грижев за безбедноста на клубот, рече газдата на „Пулс“ на денешното судско рочиште

од Nikola Popovski
11 прегледи

Првообвинетиот во судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Јованов денеска на рочиштето порача дека се уште се чуди и не може да поверува што се случи кобната вечер на 16-ти март. Со солзи во очите рече дека цели девет месеци е затворен во четири ѕидови и секојдневно ја преживува таа трагична ноќ.

-Јас како човек и како родител, каде што се собираат сите млади, и моите деца, зар би бил способен да дозволам да фали нешто? Зарем сериозно мислите дека ако би знаел дека фали нешто, не би презел се за да се отклони навреме? Во тој клуб имам пораснато десетина генерации и сите што ме познаваат добро, знаат како се грижев за безбедноста на клубот. Од срце и душа сакам да искажам сочувство на сите фамилии што имаат починати лица, а на повредените опоравување. Јас знам нивната болка и тага затоа што и ние во нашата фамилија имаме починат член и повреден член и едноставно ја носиме истата болка како и вие што ја носите, кажа Јованов.

Вели дека не му е јасно зошто неговиот син Михајло Јованов е обвинети, бидејќи, вели дека немал никакви обврски и активности со работата на клубот.

-Си имаше негова фирма за дистрибуција и си ги работеше таму активностите. Беше нормален гостин како и сите, кажа газдата на „Пулс“.

Слични содржини