Пратеникот Аднан Азизи им одговори на дел од јавноста кои бараат коалицијата ВЛЕН да избере еден лидер што е можно поскоро. Азизи преку објава на Фејсбук напиша дека ова прашање ќе се реши подобро и полесно отколку, како што вели, сакаат злонамерниците.
Тој исто така вели дека таквите аналитичари сакаат да внесат раздор во ВЛЕН.
„Ви благодарам на исцрпените аналитичари кои сакаат да внесат раздор и во ВЛЕН, но ова не ни поминува. Нивниот јазик на раздор е исто така многу плиток.“
„Ве уверувам дека во ВЛЕН дури и темата за лидерот ќе се реши полесно и подобро отколку што сакаат злонамерниците“, напиша Азизи.
Меѓу мене и Биљал Касами ќе се бира идниот лидер на ВЛЕН порача пред недела дена, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
„Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија“, додаде еден од неколку лидери на оваа владеачка коалиција.