Измамен 64-годишник кој дал 1300 евра за да му „средат“ за социјална помош

Скопјанец дал пари да земе социјална помош, но наместо тоа бил измамен

од Nikola Popovski
6 прегледи Фото: Царинска управа

На 01.12.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје, 64-годишен маж пријави дека е измамен за сума од 1300 евра од Ф.А. од Скопје. Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.

По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено.

По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1000 евра, по што парите ги дал на женско лице. Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.