Чуварите на наследството на Груевски и Мијалков се вклучени во тендерскиот скандал, порачаа од СДСМ

СДСМ објави „потсетник“ за корупција за случајот тендери од 9 милиони евра за една фирма со само двајца вработени

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: СДСМ

СДСМ денеска објави „потсетник“ за корупција наменет за Владата и за институциите задолжени за борба против корупцијата. Според партијата, овој потсетник е за случајот тендери од 9 милиони евра за една фирма со само двајца вработени. Потсетуваат дека фирмата била основана лани.

„Факт: Фирма основаната минатата година, без историја, без искуство, добива 9 милионски договори за тендери од владата на Христијан Мицкоски. Сума: 9 милиони евра!

Период: Само во шест месеци во 2025 година. Број на тендери: 6 од кои 4 се добиени од Генералниот секретаријат на владата на Мицкоски, еден од ЕСМ и еден од Министерство за администрација.

Документи: Да. Објавени се сите и достапни се за јавноста. Биро за јавни набавки. Факти плус: Второ вработено лице е поврзано со УБК на Мијаков и уништувањето на опремата за прислушување.

Вклучени: Власта на Христијан Мицкоски. Чуварите на наследството на Груевски и Мијалков. Преземени акции: Јавно објавени факти, документи и аргументи. Поднесена пријава до ДКСК.

Потребно: Институционално постапување на ДКСК, ЈО, Финансиска полиција. Одговороност“, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.

По прес-конференцијата на СДСМ во која беше објавен скандалот, премиерот Христијан Мицкоски изјави се заинтересирал за случајот, по што добил уверување дека се е направено во согласност со законот и тендерската документација. Тој вели дека тие како влада стојат на располагање за расветлување на случајот, но притоа кажа дека мора да се забележи оти СДСМ на прес-конференција изнеле и груби клевети, нарекувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ криминалци, нешто што ќе треба да го докажат, а доколку не го сторат, да се извинат и да изгубат дополнителен кредибилитет.