ВМРО-ДПМНЕ: Милионски грант за „Мамас“ на Заев по отпишаното жито вредно 800.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности околу грант од 1,4 милиони евра за „Мамас“ и бара истрага од ЈО

од Nikola Popovski
7 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ бара да се отвори истрага за можни злоупотреби во доделувањето на грантови во аграрниот сектор во периодот на владеење на СДСМ. Според партија, компанијата „Тргопродукт” – позната по брендот „Мамас” и во сопственост на семејството Заеви – во 2022 година добила грант од 1,4 милиони евра преку ИПАРД-програмата, што тогаш претставувало втор најголем доделен грант во рамки на оваа програма.

Партијата тврди дека грантот следел по, како што наведуваат, „отпишување на жито вредно 800.000 евра” во претходниот период. Од ВМРО-ДПМНЕ го поврзуваат тогашниот премиер Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за земјоделство Љупчо Николовски со, според нив, „взаемни услуги” и „криминални шеми”.

„По камуфлирањето на кусокот на 2 000 тони жито вреден 800 000 евра на владина седница од страна на Заев и Филипче, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа за услугата на кланот Заеви со грант од 1,4 милиони евра. Какви криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски за своето владеење и колку народни пари се злоупотребени“, прашуваат од најголемата владеачка партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да отвори постапка за овој случај и да го истражи.