Царината спречи шверц на 2000 кг фалсификуван прашак за перење

Царински службеници од Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје

од Nikola Popovski
6 прегледи Фото: Царина

Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува  правата од интелектуална сопственост.

Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на правото кој потврди дека предметниот прашак Ариел е фалсификат и со тоа ги повредува правата од интелектуална сопственост заради што  е согласен за уништување на стоката.

Против сторителот по спроведување на постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секојдневните заложби на царинските службеници во сузбивање на нелегалната трговија и шверцот е многу важно со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување криумчарење на производи коишто се штетни за здравјето на граѓаните, како и заштита на животната средина од загадување предизвикано од неконтролиран хемиски состав.