Професорот и екс-министер, Љубомир Фрчкоски вели дека „има повеќе екипи на СДСМ кои не му се допаѓале“, а раководеле со партијата во минатото, па, како што вели, „не сум одлучил да роварам против нив“. Според него, актуелното раководство заслужува на партијата од „Бихаќка“ поддршка за да се обиде да ја крене партијата.
-Се дигала СДСМ во такви услови. Се случуваат порази и промени, истакнува Фрчкоски во емисијата „Само интервју“.
Тој оценува дека „темата дека партијата треба да се ослободи од влијанието на екс-лидерите и поранешни премиери Бранко Црвенковски или Зоран Заев е лажна тема“.
-Нека влијаат..Ако можат да влијаат конструктивно…Најтриумфалните периоди на Македонија, заедно со СДСМ, се под овие двајца лидери. Зошто да немаат влијание? Друг е проблемот. Имаме ненормална ситуација – власта наместо да се бави со владеење, се бави со опозицијата и со Заев кој што 5-6 е само граѓанин. Зошто власта се бави со ова? Која е таа глупост? Ти ги имаш сите инструменти да го направиш спротивното од него, а не го правиш тоа. ВМРО-ДПМНЕ има синдром и ДНК кој што се нарекува „пржински синдром“. Се плашат од смена на власт која што му се случи на Груевски кога ги доби изборите при смената. Ја одбиваат ЕУ и им верувам дека го третираат Извештајот како извештајче – тоа е искрено од нив, истакнува Фрчкоски и додава дека „официјален Брисел сега го презира премиерот Христијан Мицкоски како претседател на Влада и го оставаат на страна“.
-Кога ќе дојде на интерес Македонија да влезе под безбедносниот чадор и да излезе од руското влијание, тогаш ќе влезат притисок врз власта. Од тоа се плаши ВМРО-ДПМНЕ, додаде професорот.