Донесени измените на Законот за градење

Во рамки на 72. седница беа донесени и измените на законите за средно и за основно образование, како и одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Локално

Во рамки на 72. седница Собранието на РСМ ги донесе измените на Законот за градење со кои новите станбено-деловни градби и градбите за колективно домување на подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително ќе мора да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска односно техничка инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење.

Пратениците ги донесоа и измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Во рамки на 72. седница беа донесени и измените на законите за средно и за основно образование, како и одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.