Солунското метро продолжува со работа по речиси едномесечна суспензија поради тестови

Солунското метро беше отворено на 30 ноември 2024 година по години изградба.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ Central City - Metros and Rail

Метрото во вториот по големина град во Грција, Солун, денес е повторно во функција откако беше суспендирано речиси еден месец поради тестови на неговото продолжување до источниот округ Каламарија, објави Скај ТВ.

Првата фаза од тестовите е успешно завршена и донесена е одлука метрото да се врати во редовна работа три дена пред предвиденото.

Тестовите на продолжувањето на метрото ќе продолжат без запирање на услугите за јавен превоз.

Сепак, и заменската автобуска линија ќе биде привремено одржувана.

Солунското метро беше отворено на 30 ноември 2024 година по години изградба.

Слични содржини