Путин го разреши Баздникин од амбасадорското место во Македонија

Баздникин беше амбасадор во Македонија од 2018 година

од Nikola Popovski
123 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го разрешил Сергеј Баздникин од должноста амбасадор во Македонија, пренесува ТАСС.

Документот е објавен на рускиот Портал за правни акти.

„Го разрешувам Сергеј Александрович Баздникин од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, стои во уредбата на Руската федерација.

Баздникин (58) е амбасадор на Русија во Македонија од 2018 година.

Слични содржини