Мојсоска: Во Романија премиер поднесе оставка по трагедија слична на Кочани – ние имаме осомничен министер кој сè уште е на функција

„Ние имаме министер без ресор (Шабан Салиу) кој се јавува како осомничен за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, додека паралелно ја обавува својата владина функција и на суд оди со службено возило“, потсетува Мојсоска

од Nikola Popovski
79 прегледи Фото: Левица

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска прави паралила за системот во Романија и Македонија во однос на трагедии од размери како пожарот во Кочани. Пратеничката го спомнува министерот без ресор, Шабан Салиу кој е еден од обвинетите за трагедијата и на кого му се суди во судскиот процес.

„Кога во Романија се случи трагедија слична во размерите како Кочани, премиерот си поднесе оставка. Ние имаме министер без ресор (Шабан Салиу) кој се јавува како осомничен за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, додека паралелно ја обавува својата владина функција и на суд оди со службено возило“, пишува Мојсовска.

„Толку за политичката и моралната одговорност кај нашите властодршци (што нема врска со кривична одговорност). Секој обид за барање одговорност од власта беше карактеризиран како лешинарење и некрофилство, додека инстититуциите и власта постапуваа само под силен притисок на јавноста.

А, како да не следи будно јавноста, кога со Македонија владеат фамилијарни династии (каде инспектор што земал мито за дискотеката на смртта е брат на претседателката на Кривичен суд)?

Под притисок на борбата на родителите од Кочани, денес во Собранието конечно ќе се стави оваа трагедија на дневен ред. И гласот на родителите кои бараат правда во еден распаднат систем конечно ќе се слушне во Собранието. Се надевам дека пратениците од власта овој пат ќе се надминат себеси и ќе обезбедат кворум на денешната седница на Постојаната анкетна комисија, затоа што тоа е најмалку што може да направиме за мајките кои поради корупција си ги загубија своите деца“, додаде пратеничката на својот Фејсбук профил.

Салиу беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување во перидот од 2008 до 2017 година. Тој е меѓу поранешните функционери кои се осомничени за случајот во Кочани. Во мај годинава, штипска апелација му го укина притворот. Обвинителството го товари за Тешки дела против општата сигурност исто како и останатите обвинети.