Мицкоски: Правда на Анкетна комисија не може да има

Претседателот на Владата вели дека денеска бил присутен на Анкетната комисија за Кочани за да слуша. Укажа дека сè она што го слушнал, „горе-долу, го слушнал и порано“

од Nikola Popovski
45 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Влада

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека денеска бил присутен на Анкетната комисија за Кочани за да слуша. Вели дека сè она што го слушнал, „горе-долу, го слушнал и порано“.

Премиерот додаде дека секој пратеник може до пратениците да достави предлог-амандмани за законски измени по трагедијата, како и за инспекциските служби. Тврди дека досега никој од пратениците не доставил предлог.

-Вистинското прашање е зошто се чекаше со месеци, за да се закаже оваа Анкетна комисија. Моето чувство е дека сите зборуваме за правда и тоа е едно од барањата на родителите. Правда на Анкетна комисија не може да има. Правда може да има во рамките на судски процес. За да имате правда, мора да имате факти од истрагата. Тие не можат да се изнесат на Анкетна комисија. Тука се поставува прашањето зошто некој континуирано прави вакви политички егзибиции – тоа е главното прашање. Сакам да кажам дека како Влада секаде ќе бидеме повикани и ќе бидеме присутни, потенцира премиерот.

-Со моето присуство денес, покажав и докажав дека сум подготвен секаде да појдам и на сè да присуствувам, додаде Мицкоски.

Слични содржини