„Сега со кривична пријави против Спасовски, веднаш после прес конференцијата на претседателот Филипче, власта преземе уште еден чекор. Ова е класичен обид политички прогон за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта“, велат од СДСМ за кривичната пријава за екс-министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
СДСМ истакнува дека пријавата е против координаторот на нивната пратеничка група, баш кога во Собранието треба да биде поднесена Резолуцијата за мигрантите.
-Ова е класичен обид за политички прогон за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта. Сè ќе им пукне како меур од сапуница, граѓаните гледаат и знаат сè. Прашањето е едноставно, ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не, соопштуваат од најголемата опозициска партија.
Според Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Спасовски во 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра (5.565.927 денари).
МВР наведува дека Спасовски не донел решение за одземање на овластување за технички преглед во законски предвидениот рок, иако имал предлог од надлежната организациска единица за граѓански работи.