Се урна авион во Мавровското езеро

Засега нема многу детали од ЦУК освен дека во авионот авионот имало две лица, од кои едното е повредено

од Nikola Popovski
62 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Мал авион се урнал во Мавровското Езеро, соопшти Центарот за управување со кризи.

Засега нема многу детали освен дека во авионот авионот имало две лица, од кои едното е повредено.

-Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за итна интервенција, велат од ЦУК.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.