Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е многу важно сите институции навремено да ги достават налозите до државниот трезор, за да може трезорот навремено да ги исплати. Вели дека ако налозите се доставуваат на 25-ти или 28-ми декември, повторно Владата ќе биде виновна зошто не е платено. Вели дека ќе има толеранција.
-Ова беше кажано за да можат институциите одговорно да се однесуваат и за да се изврши плаќањето до доверителите, она што треба Министерството за финансии треба да го направи преку трезорот, рече Мицкоски на поставувањето на камен темелник на спортска сала во населено место Колешино, Ново Село.
Во понеделник запираат исплатите од државата, Министерството за финансии го затвора трезорот. Оваа информација е проследена и со бројни реакции во јавноста дека веќе се доцни со исплата на плати во дел од јавниот сектор и со исплата на социјална и државна помош по различни основи.
Трезорската сметка вообичаено се затвора на 25 ти декември, но не ретко тајмингот е и до 29 во тековниот месец. „Локално“ веќе објави дека ова досега не се случилo – трезорот да биде затворен околу 20 дена.