ЦУК со детали: Падна мал авион со двајца косовски државјани кои се префрлени во Гостиварската болница

Во леталото имало само двајца патници кои биле косовски државјани

од Nikola Popovski
40 прегледи Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи излезе со детали за денешната авионска несреќа на територијата на Македонија. Според информациите, авион марка „Пипер“ со регистрација Н5005W, со капацитет за 4 патници, се урна денеска во Мавровското езеро.

Во леталото имало само двајца патници кои биле косовски државјани.

Лицата се извлечени од езерото и се на пат кон болницата во Гостивар, иако и двајцата се во добра здравствена состојба.

Според Тетовската полиција, се работи за мал спортски авион кој паднал во близина на браната „Белички канал“.

-Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош, изјави портпаролот на СВР Тетово.

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, близу до браната.