На 11.12.2025 во 08:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на детско оделение Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена.
Од Основното јавно обвинителство Прилеп соопштуваат дека е отворен предметот и поради тоа што родилката се породила во прилепската болница, но по само два дена, на нејзино барање, била отпуштена заедно со бебето.
„За случајот бевме известени во 8:10 часот вчера изутрината. На детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Наредив обдукција за да се утврдат причините за смртта на бебето. Побарана е целокупната медицинска документација за породувањето и за медицинскиот третман при раѓањето. По два дена од пораѓањето, родилката на нејзино барање била отпуштена. Ќе се врши вештачење. Во меѓувреме извршен е разговор со родителите и е направен увид во семејството“, соопштиле оттаму.
Се чекаат наодите за расветлување на причините за смртта.