Уапсен разбојник кој украл 8600 денари од казино

Лицето било фатено веднаш откако било пријавено дека извршил разбојништво во казино

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: МВР

На 15.12.2025 во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода С.Р. (53) од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на ул.„Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.