СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски

СДСМ ја обвинува власта дека „не сакаат во ЕУ заради пари“ и дека „тргуваат и со здравјето на луѓето“

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: СДСМ

„Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ“, соопштија од партијата на Венко Филипче.

СДСМ ја обвинува власта дека „не сакаат во ЕУ заради пари“ и дека „тргуваат и со здравјето на луѓето“.

-Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето.

Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните.

На пример, во 2016-та беше откриен скандал. дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив беа откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак. Затоа СДСМ го забрани, порачаа од СДСМ.

Најголемата опозициска партија истакнува дека ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари.

-На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари, стои во партиската реакција.

Во 2012 година во Македонија бил воведен паралелниот увоз на лекови но само од земјите членки на Европската Унија. Во тој период секој лек внесен во државата со паралелен увоз од земја членка на ЕУ бил претходно контролиран од специјализирани лаборатории од Стразбур и Лондон. Во 2013 година се сменил Законот за лекови и така се дозволило паралелен увоз на лекови да се прави и од трети земји, а не само од земји на ЕУ – меѓу кои Турција, Русија, Норвешка, Израел, Канада, Јапонија и САД.