Не е корисно ако прашања како миграцијата се користат само за политички поени, порача Агелер

„Мислам дека сериозни и продуктивни разговори треба да се водат за прашање што е толку важно. Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните да се сведе само на политичка тема“, рече амбасадорката на САД за темата со мигрантите

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: U.S. Embassy North Macedonia

„Без разлика дали преговорите за членство се започнати или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот е таму и сите би сакале да видиме поголем напредок во овој поглед“. Ова го најави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, зборувајќи за европските интеграции на Македонија, во гостување во емисијата „Тема на денот“.

Според Агелер, и покрај преговорите за членство во ЕУ, напорите што се суштински дел од потребниот реформски процес не треба да се запрат на никаков начин.

Како САД, рече Агелер, ние сме многу јасни дека местото на Македонија е во Европа.

„Кога ги разгледуваме Коридорите 8 и 10, националната безбедност на оваа земја и регионот е исто така многу важна за трансатлантските односи. Затоа, го разгледуваме внимателно и сме многу јасни. Погледнете, еве го, ЕУ е природниот дом на оваа земја. Она што го знам е дека оваа влада зборува, има чести разговори со генералниот лидер во Европската Унија и земјите-членки. Дали сите би сакале да видиме поголем напредок, мислам дека е така, но мислам дека е важно да се има предвид дека, без оглед на преговорите за членство во ЕУ, напорите што се неопходни во однос на реформите не треба да се запираат на никаков начин, бидејќи, искрено, патот е многу јасен“.

Во однос на темата со мигрантите и пораките од СДСМ, Агелер порача: „Не мислам дека е корисно и продуктивно ако заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени“. Амбасадорката не смета дека многу луѓе во Вашингтон ја следат дебатата тука.

„Миграцијата е огромно прашање. Миграцијата е огромна тема во САД во моментов. И ние водиме такви разговори со многу држави. Тоа е нормално. Значи самото постоење на разговор не значи дека ќе има такви политики. Секако не можам да зборувам за разговори што ги водело Обединетото Кралство. Но претпоставувам дека и тие како и ние, водат разговори со секакви држави. Ова е тема со која државите се борат. И затоа, секако разговорате со пријателите и сојузниците и партнерите како ќе се справуваме со ова заедно. И повторно она, што не мислам дека е корисно е да заземете една страна на кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Не мислам дека е тоа продуктивно. Мислам дека сериозни разговори, сериозни и продуктивни треба да се водат за прашање што е толку важно. Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните да се сведе само на политичка тема“, рече амбасадорката на САД во „Тема на денот“ на Сител Тв.