„Целата македонска јавност е сведок дека со денови се измислуваат теми, се конструираат случаи, се шират невистини. Кујните на ДПМНЕ со денови прават обиди да се одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање: предавството на Македонија, мигранти за пари“, обвинија утрово од СДСМ.
Како што наведуваат од партијата, вчера во Собранието нивните политички ривали доставија документ за, како што велат, предавство на државата за пари, а паралелно постојано пласираат измислени теми за дефокус.
„Кујните работат со полна пареа. СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти“ објавија кујните на ДПМНЕ. А вистината? Премиерот Мицкоски побегна од пратенички прашања и од дискусија за Резолуцијата на СДСМ со која се става крај на оваа тема.
Дури и изјавите на амбасадорката на САД беа предмет на манипулации. Таа потврди дека разговори за мигранти водат многу земји, меѓу кои и САД, но „не може да зборува за разговорите што ги води Обединетото Кралство“.
Но, кујните на ДПМНЕ веднаш ја зготвија манипулацијата дека таа всушност му упатила пораки на претседателот Филипче“, порачуваат од СДСМ.
Преку успешната акција „Разоткривање“ на Антикорупискиот тим на СДСМ, додааат од партијата, тој систем целосно е разоткриен и сега што и да прават само го потврдувата она што го покажавме.
-Сè е по сценариото на Вучиќ, copy-paste, потенцираат од партијата на Венко Филипче.
Од честитка на ДУИ со „Среќна нова 49“, до повлекување на пратениците на СДСМ од пленарната седница на која беше ставена резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со која се гарантира дека нема да влезат мигранти во земјава, но и дека се осудуваат манипулациите со темата од страна на опозицијата.
Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери побара тргнување на резолуцијата од дневен ред, меѓу другото што со неа се мешаат ингеренциите на извршната и законодавната власт. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски беше со став дека се осудува опозицијата, по што пратениците на СДСМ ја напуштија работата на седницата.
Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите произлезе по пишувањето на британски медиуми и тврдењата на опозицијата дека било договорено влез во земјава на мигранти, одбиени од Велика Британија.