Новата ера на европската енергетска независност од Русија е факт, изјави Фон дер Лајен

„Мора да се заштитиме и да се потпреме на себе. Мирот што постоеше до вчера веќе го нема. Немаме време за носталгија. Во исто време, другите немаат право да нè дефинираат“, рече Фон дер Лајен, осврнувајќи се на Соединетите Американски Држави.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Х/Принтскрин/Официјален профил на Урусула фон дер Лејен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека новата ера во енергетската независност на Европа од Русија сега е факт и дека тоа мора да биде неповратно. Фон дер Лајен зборуваше пред Европскиот парламент во Стразбур пред самитот во Брисел што започнува утре.

„Мора да се заштитиме и да се потпреме на себе. Мирот што постоеше до вчера веќе го нема. Немаме време за носталгија. Во исто време, другите немаат право да нè дефинираат“, рече Фон дер Лајен, осврнувајќи се на Соединетите Американски Држави.

Претседателката на ЕК истакна дека и учеството на Соединетите Американски Држави во глобалниот БДП е намалено, и дека ова не е само прашање на економија.

„Станува збор за промена на текот на глобалната економија. И затоа никој не треба да биде шокиран од тоа што другите мислат за нас“, рече Фон дер Лајен.

„Новата ера на европска енергетска независност од Русија е веќе факт и мора да биде неповратна. Ќе се разделиме од руските фосилни горива засекогаш! Само пред една година ова беше незамисливо. Но, не зборуваме за случајност, туку за напорна работа“, истакна Фон дер Лајен.

„Поместуваме планини. Оваа година направивме исто толку за европската одбрана како и во претходните десет години“, нагласи шефот на ЕК пред европратениците во пленарната сала во Стразбур.