Путин: На луѓето во Европа им се всадува страв од наводно неизбежен конфликт со Русија, но тоа е лага и едноставно бесмислица

Руската армија зазеде повеќе од 300 населени места во 2025 година, вклучувајќи ги и големите градови што Украина ги претвори во утврдени упоришта, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на проширената седница на колегиумот на руското Министерство за одбрана.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Принтскрин/Ројтерс

Руската армија зазеде повеќе од 300 населени места во 2025 година, вклучувајќи ги и големите градови што Украина ги претвори во утврдени упоришта, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на проширената седница на колегиумот на руското Министерство за одбрана.

Тој нагласи дека руската армија ја зазеде и цврсто ја држеше стратешката иницијатива по целата линија на фронтот, пренесува Спутник.

„Русија има способност да го зголеми темпото на офанзивата по стратешките насоки во зоната на Специјалната воена операција (СВО)“, нагласи рускиот претседател.

Путин додаде дека оваа година е важна фаза во решавањето на задачите на СВО.

Рускиот претседател, исто така, изјави дека системот Орешник ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината.

Додаде дека руските сили покажуваат високо ниво на борбена готовност и обука во тешки услови, кога Киев, како што изјави, е поддржан од членките на НАТО.

Порачае дека тврдењата дека Русија наводно претставува закана за Европа не се точни.

„На луѓето во Европа им се всадува страв од наводно неизбежен конфликт со Русија, но тоа е лага и едноставно бесмислица“, рече Путин.