Фирмата за која обвинува Кузеска добивала тендери и грантови од претходната власт уште од 2019, велат од „Белата палата“

-Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Локално

„Тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака. Не е јасно како по којзнае кој пат некој од СДС ја пушта низ вода, да излетува со недоволно проверени информации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ и обвинувањата за милионски тендери за фирми со тројца вработени.

Од партијата на власт дека Кузеска не го разбира ИТ светот и дека обвинува за сомнителни тендери со фирма на која претходната власт им делела тендери и грантови од Фондот за иновации.

-Така фирмата СИГМОИД која не постои две години, туку многу повеќе само го сменила името од ДОО во ДООЕЛ во 2019 година добила грант од ФИТР од над 1,4 милиони денари. Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25 илјади денари.

Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 илјади денари на кој потоа склучувале анекси.

Потоа тендер од Агенција за пошти предводено од СДС и ДУИ во 2020 од над 120 илјади денари, од ТИРЗ во 2021 од 720 илјади денари, повторно Агенција за пошти во 2021, од Државен завод за ревизија во 2022 над 600 илјади денари, од Агенција за супервизија на осигурување во 2022, и така натаму се до пред паѓање од власт во 2024 кога со АЕК склучиле два тендери од над 2,3 милиони денари. Еден куп тендери во времето на СДС, стои во партиското соопштение.

Претходно Кузеска соопшти дека фирма со само тројца вработени, за период од два месеци, добива тендери од Владата на Христијан Мицкоски во вредност од 74 милиони денари, односно околу 1,2 милиони евра.

„Тендерите се добиени од Генералниот секретаријат на Владата и од СОЗР – истите две институции кои беа вмешани и во претходните бомби што ги објавивме. И повторно станува збор за IT опрема. Случајно, нели?“, праша Кузеска.

СДСМ објави нова бомба: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци

Слични содржини