За темата со мигрантите и поднесената Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието, пратеничката на Левица, Јована Мојсоска денеска порача дека не треба да се верува во зборовите на премиерот Христијан Мицкоски кој претходно изјави дека нема да влезе ниту еден мигрант во државата.
-Премиерот Мицкоски рече и дека ќе го врати мандатот ако изговори „Северна“, па не го врати. Премиерот Мицкоски рече и дека ќе си поднесе оставка ако агенцијата „Рубикон“ има било каква поврзаност со вашата партија, па не си даде оставка. Така да, имаме целосен легитимитет да не веруваме во неговите најави дека ќе понесе политичка одговорност доколку се покажат тврдењата за мигранти. Не видовме никаква политичка одговорност во овие година и половина, кажа Мојсоска на денешната собраниска седница, во своето обраќање до пратеникот од владеачкото мнозинство, Малиша Станковиќ.
Темата мигранти и натаму повод за жестоки партиски реакции. Од СДСМ денеска обвинија дека премиерот вчера побегнал од пратеничките прашања и од дискусијата за резолуцијата на СДСМ. Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека станува збор за дезинформација и го критикуваа СДСМ дека тие побегнале од седницата во Собранието.
На пленарна седница во Собранието Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Претходно, треба да го помине филтерот на Комисијата за политички систем.