Изгласан пакетот закони потребни за целосно функционирање на „Безбеден град“.

По Предлог законот заизменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој се носи со двојно мнозинство, гласаа „за“ и десет пратениците кои припаѓаат на заедниците коишто не се во мнозинство.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: МВР

Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“.

По Предлог законот заизменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој се носи со двојно мнозинство, гласаа „за“ и десет пратениците кои припаѓаат на заедниците коишто не се во мнозинство.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност претходно денеска ги проследи измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“ на понатамошна постапка во Собранието.

Пратениците, претходно во рамки на 76. седница го завршија претресот по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, кој, исто така, е дел од пакетот шест законски измени за ситемот „Безбеден град“ за кој дополнително ќе се гласа.

Слични содржини