„Наместо европски напредок и реформа добивме враќање во времето на Маневски“, вели Зајкова за измените во Кривичниот законик

„Ова не е партиско прашање, туку прашање на правда. Не активирајте партиска артилерија со коментари ти го гласаше кога беше во Влада, не сум била никогаш министер, а како пратеничка не не го гласав“, објави Зајкова

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: ЛДП

„Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, во септември. Што беше пречка?!? Наместо европски напредок и реформа добивме враќање во времето на Маневски“, објави пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот Законик.

Зајкова критукува дека една и пол година има замајување на јавноста со изговорот „чекаме нов закон“.

-Кому му одговараше статус кво состојбата додека кривичните дела си застаруваа едно по едно? И што добиваме?!? Слични одредби, исти проблеми. Застарувањето повторно ќе биде алиби за неказнивост, широките описи на квалификацијата на делата, можности за политички прогон – особено кога обвинителството и судството функционираат по принцип „разреши“ и замени со свои луѓе.

Зголемување на роковите за застареност – или престанете да ја навредувате интелигенцијата на граѓаните. Со овие одредби, делата повторно ќе застаруваат. Ако не знаете како ви го даваме нашиот предлог слободно поднесете/поддржете го! Од што е стравот, прашува пратеничката.

Зајкова ги повикува граѓаните кои се согласуваат со предлогот на ЛДП – кривичните дела со кои директно се оштетува државниот буџет да не застаруваат лесно – да ги поддржат.

„Ова не е партиско прашање, туку прашање на правда. П.С. Не активирајте партиска артилерија со коментари ти го гласаше кога беше во Влада, не сум била никогаш министер, а како пратеничка не не го гласав“, објави Зајкова.

Со потпис на 9 пратеници од владеачкото мнозинство, до Собранието доставен Предлог  на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот Законик. Според предлагачите – со предложените измени се заострува казнената политика преку „ревидирање и дополнување“ на член 353 кој се однесува на „високо профилни“ случаи, односно злоупотреби на службената положба од страна на насители на функции на различни нивоа на власт.

Според предложените измени, се заострува казнената политика со казни кои се движат од 6 месеци па до 10 години во зависност од висината на незаконски стекнатата имотна користи или нанесената штета. Воедно, се воведува и нов став со кој се инкриминираат злоупотребите при јавните набавки. Воедно, со измените се предлага и заострување на казнената политика во делот на сообраќајот.

ИЗМЕНИ НА КРИВИЧЕН ЗАКОНИК: Казни од 6 месеци до 10 години – заострена казнена политика, се додава и злоупотреба при јавни набавки !