„Откако вистината ја објавија британските медиумите целата кампања на ДПМНЕ, секоја нивна изјава е за дефокусирање на јавноста од главната тема – „мигранти за пари“. Во толку голема паника е ДПМНЕ што дури донесе неуставна Резолуција во обид да ја ограничи слободата на говорот и да воведе цензура, никој да не зборува за темата мигранти“, реагираат од СДСМ.
„Да ги прогласи сите критичари за дезинформатори, што многу потсетува на нацистичкиот пристап, каде секоја критика се толкува како закана за државата. Како што е примерот на Декретот на Адолф Хитлер од 1933 година со кој во беа суспендирани клучни граѓански слободи, вклучително и слободата на говор.
Ниту оваа неуставна Резолуција не им беше доволна.
Секој ден ДПМНЕ објавува едни исти прес конференции за напад на СДСМ, кујните во полна пареа штанцаат вести за старо/нови лица во СДСМ, со истите излитени фрази од времето на Никола Груевски. Се е copy-paste. Дури и насловите.
Отвораат и по 50 теми дневно, лажат и бегаат од најголемата тема: мигранти за пари. Нема бегање. Прочитани сте. Граѓаните ја дознаа вистината за предавството на Македонија.
Дури и Законот за странци сте го промениле за да им ги олесните процедурите и секако да може да ги претставите како „економски работници“, велат од Бихаќка во својата реакција.