ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски покажува дека „новото“ раководство на СДСМ се сведува на група блиски до Заев

„Фрчкоски никогаш не одговори на прашањата од каде ја набавил дрогата“, прашуваат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Локално

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обвинувањата кон новото раководство на СДСМ и новиот член на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски. Оттаму потсетуваат дека за синот на екс-министерот и професор Љубомир Фрчкоски, пред неколку месеци излегоа фотографии во јавноста каде јасно се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.

-Филипче немаше коментар за ова, не се огради, па дури и кога Фрчкоски се обиде да даде оставка од директор на Центарот за аналитика на СДС, Филипче не ја изнесе пред Централниот одбор на партијата, па како што изјави и самиот Фрчкоски минатата недела: „Не се враќам, никогаш не излегов, мојата оставка не беше разгледана“.

Но, Фрчкоски никогаш не одговори на прашањата поврзани со ова, како на пример, каде ја користел дрогата, од каде му е истата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Христијан Мицкоски прашуваат дали во „СДСМ владеат правила на некаква паралелна реалност, со оглед на тоа што очигледно се целосно отсечени од јавната перцепција“.

-Зарем навистина сметаат дека јавноста не го следи и не го разбира она што го прават, и дека лицата што ги претставуваат како ‘нови’ се одамна компромитирани a некои од нив дури и јавно политички потрошени, стои во партиското соопштение.