СДСМ утрово соопшти Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската ИПАРД 3 програма, поради коруптивниот скандал со Платежната агенција и како што истакнуваат, десет дена власта молчи за оваа одлука.
Од СДСМ нагласуваат дека причината се „злоупотребите на европските пари од страна на власта, за кои директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од редовите на ДПМНЕ беше уапсен“.
-Но, случајот мора целосно да се расчисти и сите инволвирани да одговараат, особено лицата блиски до Мицкоски. И Мицкоски треба да одговара за ваков скандал.
Дали се сеќававте кога изби скандалот како ДПМНЕ и кујните за лаги го обвинуваа претседателот Филипче за ова, како објавуваа лаги за Заев кој е во политичка пензија 5 години, за Николовски?
Дали сега на сите им е јасна улогата на фабриката за лаги на ДПМНЕ? Токму она што говори СДСМ и постојано го разоткирва: дека нападите кон опозицијата, кон СДСМ, претседателот Филипче служат за дефокусирање од темите, како оваа дека ДПМНЕ се фатени во корупцијата и криминал со ИПАРД, истакнуваат од СДСМ.
Според партијата на Венко Филипче, на ВМРО-ДПМНЕ им се важни нивните тендери – „161 тендер за 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за една фирма со двајца вработени. Нив воопшто не ги интересираат земјоделците туку крминалните тендери“.
-СДСМ бара брза, темелна и транспаретна истрага, сите инволвирани во овој огромен корупциски стандард мора да одговараат, стои во партиското соопштение.
Екс-директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев е во притвор и е осомничен дека побарал мито од 50 илјади евра за да фаворизира апликација за добивање на средства од европските фондови наменети за земјоделството. Обвинителството гони и плус четири лица како негови соучесници кои работеле во агенцијата и во други блиски институции поврзани со земјоделската дејност.